(ВИДЕО) Нов бран руски напади: Урнати станбени згради, трагаат по преживеани
Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети. Ројтерс јавува дека очевидци пријавиле серија силни експлозии.
Според првичните информации, загинале 9 лица, а 63 се повредени, од кои 42 се хоспитализирани, меѓу кои и шест деца.
Станбени згради се урнаа, а во тек е потрага по луѓе под урнатините. Психолозите и екипи со кучиња трагачи од Државната служба за итна помош се на терен.
„Во тек е комбиниран напад. Опасноста останува висока“, напиша на Телеграм Тимур Ткаченко, шеф на градската воена управа на Киев.
Тој, исто така, истакна дека пожари и урнати летала и делови од проектили се регистрирани во два квартови на западниот брег на реката Днепар, која го минува низ градот.
Кличко: Тимови лекари испратени во различни делови на градот
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека дронови летаат над централните области, наредувајќи им на тимови од лекари итно да се упатат во различни делови на градот. Ткаченко нагласи и дека пет лица се повредени во градската област Свјатошински, додека Кличко истакна дека жителите на една зграда останале под урнатините. Пожари и паѓање на метални остатоци од проектили се забележани и во други делови на Киев.
Нападнат е и Харков
Харков, вториот по големина град во Украина, исто така беше подложен на силен ракетен напад рано утринава, напиша на Телеграм градоначалникот на градот Игор Терехов. Тој рече дека се слушнале неколку експлозии во градот, кој е честа цел на руски напади.
russia launched a massive attack on Ukraine using cruise missiles, Caliber missiles, ballistic missiles, Kh-59/69 missiles, and drones.
According to preliminary reports, ten people were killed in the russian attack.
Kyiv, Kharkiv, Pavlohrad, Zhytomyr, and other cities and… pic.twitter.com/afufgX5WwY
— Jürgen Nauditt (@jurgen_nauditt) April 24, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа