Апелациониот суд ги одбил жалбите - Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во домашен притвор
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор.
Апелациониот суд во Штип ги одбил жалбите на Обвинителството па Ратко Димитровски и Николчо Илиев истрагата ќе ја следат од домашен притвоор.
Штипска апелација го укинала и решението на кочанскиот Суд во делот на одземањето на пасошот на Ратко Димитровски и за оваа мерка на претпазливост судот ќе треба повторно да одлучува.
Со тоа, од тројцата приведени градоначалници во моментов во ефективен притвор е само последниот Љупчо Папазов кој си поднесе оставка еден ден по кочанската трагедија.
28.03.2025 - 14:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа