Авион со 209 патници тргнал од Белград кон Москва, но бил вратен по дојава за бомба

 

Авион полетал од српскиот аеродром кон Москва, но веднаш бил вратен во Белград, по што српските антидиверзантски екипи веднаш излегле на терен за да откријат каде се наоѓа бомбата.

Според последните информации, за време на летот ЈУ-652 од Белград за Москва, кој полетал во 14.15 часот, на аеродромот Никола Тесла пристигнал мејл дека во леталото има експлозивна направа.

Во авионот имало вкупно 209 патници и членови на екипажот. Тие се евакуирани, а во тек е увид од Специјалната антитерористичка единица со кучиња.

11.03.2022 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега