Белград: Матеј Периш е жив и го држат како заложник - заминал со автомобил во непознат правец

 

Претседателот на Синдикатот на полицијата во Србија, Блажо Марковиќ смета дека Матеј Периш не се наоѓа во вода и дека е жив, а постои можност и да е држен како заложник.

Момчето од Сплит кое исчезна во Белград во ноќта меѓу 30 и 31 декември никогаш не беше пронајдено, иако повеќе од три месеци го бараше полицијата.

На основа на снимките се шпекулираше дека завршил во Сава, меѓутоа за тоа постои сè помала можност.

„Случајот треба да заврши. Не може повеќе од два месеци да ја држиме полицијата и да го бараме. Моето мислење, но и на тие кои работат повеќе од мене, е дека тој не се наоѓа повеќе во вода. Заминал со автомобил во некој правец, а дали го држи некој како заложник или нешто друго, тоа не знам. Само знам дека се појавија различни шпекулации“, вели Марковиќ.

11.03.2022 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега