Боки 13 е инвалид од прв степен и затоа останува на слобода

 

Бојан Јовановски познат како Боки 13, осуден во случајот „Рекет“, е прогласен за инвалид од прв степен, а лекарите му препорачуваат редовна физичка активност. Ова произлегува од конзилијарното мислење на доктори, презентирано во Кривичниот суд, кое послужи како основа за неговото ослободување.

Одлуката е заснована на медицинска документација потврдена од повеќе од десетина доктори-специјалисти и професори од Универзитетската клиника св. „Наум Охридски“. Во документите, Јовановски достави докази за својата здравствена состојба, вклучително и фактот дека досега бил подложен на пет операции.

Јовановски, кој беше уапсен во рамки на акцијата „Рекет“, во 2020 година беше осуден на девет години затвор. Минатата година, во декември, по четири години издржана казна, тој беше пуштен од затворот „Идризово“ во Скопје, врз основа на неговата влошена здравствена состојба и поднесената медицинска документација.

12.12.2024 - 22:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега