Брнабиќ: Курти со правењето списоци за апсења покажа дека нема разум

 

 

Не би сакала ни да помислам дека косовската полиција ги отстранува барикадите и ги доведува во прашање животите на луѓето, како што најави Албин Курти, изјави премиерката на Србија Ана Брнабиќ, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, додавајќи дека верува оти има многу здрав разум меѓу меѓународните актери.

Како што објасни таа, го цени фактот што КФОР го разгледува барањето на Србија да испрати дел од својата полиција на територијата на Косово и што тоа барање веднаш не го одби.

За разлика од нив, како што оцени Брнабиќ, косовскиот премиер Албин Курти „нема разум“, штом прави списоци на кои се наоѓаат членовите на семејството на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според неа, на списокот не е само неговиот помал син, „веројатно затоа што има само пет години“.

На прашањето за француско-германскиот план за Косово, Брнабиќ рече дека српската страна се уште чека на имплементација на првиот договор за нормализација на односите со Косово и Косово – Бриселскиот договор, кој беше потпишан во 2013 година.

Таа рече дека секогаш ја прашува меѓународната заедница и странските партнери кои ќе го гарантира вториот договор, доколку првиот сè уште не е спроведен.

24.12.2022 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега