Брнабиќ: Не верувам дека косовската полиција насилно ќе ги отстранува барикадите
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека не верува во сценарио во кое косовската полиција насилно би ги отстранила барикадите на северот на Косово.
Таа додаде дека не знае како да разговара за француско-германскиот предлог за Косово кога Бриселскиот договор се уште не е спроведен.
„Не верувам во такво сценарио, не би сакала ни да помислам дека косовската полиција насилно ќе ги отстрани барикадите и ќе го исполни она што премиерот на Владата на Косово Албин Курти се закани, а тоа е човечки животи, бидејќи тоа би значело дека тие напаѓаат луѓе на барикадите, а има жени, деца и стари лица“, рече Брнабиќ на прес-конференцијата.
Таа смета дека „има доволно разум, но не со Албин Курти, кој објави нов список на кој се наоѓа претседателот на Србија и некои членови од неговото семејство“, туку дека има смисла „со меѓународните актери, пред сѐ КФОР“. Таа нагласи дека Владата на Србија има добра соработка со КФОР.
„Навистина се коректни“, рече премиерката и изјави дека КФОР се уште го разгледува барањето на Србија за враќање на дел од силите на Косово, согласно резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.
„Тоа ја покажува нивната сериозност, бидејќи тие не го одбија веднаш, а не го ни коментираа. Чекаме КФОР да се огласи. Верувам дека ќе кажат нешто“, истакнала Брнабиќ.
Премиерката на Србија рече и дека не знае како да разговара за новиот договор за решение на проблемот на Косово предложен од ЕУ, „кога првиот бриселски договор од 2013 година го потпишаа Белград, Приштина и ЕУ, како гарант, не ја спроведе својата примена“.
„Сè уште чекаме да се спроведе првиот договор од Брисел. Не знам како да разговараме за новиот француско-германски предлог кога првиот договор не е спроведен“, рече таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа