Брнабиќ: Србите на Косово и Метохија се на работ на трпението и на силата
На регионалната конференција во Нови Сад, српската премиерка Ана Брнабиќ, коментирајќи го српскиот протест во Рудар, рече дека Србите на Косово и Метохија се на работ на трпението, на работ на силата и дека денеска се обидоа да апелираат во најдобар можен начин сите меѓународни партнери да покажат разбирање за нивните проблеми.
„Единствено што сакаат Србите во КиМ е почитување на владеењето на правото и гарантирање на човековите права за сите, вклучително и основните човекови права. Ако некој треба да биде уапсен, треба да знае зошто, семејството да знае зошто, да знае каде е уапсениот, дали е добро, дали примал лекови, дали прима некои терапии, а не за луѓето да бидат уапсени и малтретирани само затоа што се Срби“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека претседателот Александар Вучиќ е во постојана комуникација со европските претставници.
„Претседателот е во постојана консултација со нашите европски партнери и со Мирослав Лајчак и со партнерите во САД и со Србите на Косово и Метохија, со цел да се одржи ситуацијата смирена и под контрола, колку што може. Но ми се чини дека нема доволно јасно оградување од потезите на Приштина и дека тоа не е во согласност со владеењето на правото и дека такви работи не можат да се толерираат. Тоа би била јасна порака, а на крајот на денот, тоа што го бараат Србите не е многу, но основна работа што не треба да биде, не се ни бара, тоа се зема здраво за готово во 21 век“, рече Брнабиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа