Бројот на новозаразени со коронавирусот се намалува и во Хрватска- нема починати
Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 14 нови случаи на коронавирус, бројот на активни случаи е 425 и нема починати пациенти.
195 пациенти се во болница, од кои 10 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 359.666 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 8.202 починале, вкупно 351.039 лица оздравеле, од кои 101 во последните 24 часа.
Во моментов има 4.138 лица во самоизолација.
Макфакс
28.06.2021 - 13:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа