Центарци повторно останаа без парно

 


Центарци и утрово се без парно греење.

ЕСМ Дистрибуција вчера соопшти дека нивните екипи во раните утрински часови успешно ги завршиле сите предвидени исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.

Но, денеска повторно нема парно во зградите во околината на Веро Центар. Не се знае кога би се решил проблемот за жителите од овој дел на градот.

Вчера попладне, жителите на овој дел од градот добија парно греење, но утрово нивните радијатори повторно се ладни.

ЕСМ утрово сѐ уште се нема огласено за што станува збор.

За сите информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100 на ЕСМ Дистрибуција.

 

Пред два дена речиси сите општини во Скопје останаа без греење откако беше пријавен дефект односно големи загуби на вода од системот.

22.01.2025 - 10:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега