Четворица повредени во несреќата во Хрватска се враќаат во Полска

 

Полскиот министер за здравство Адам Ниџилски соопшти дека четворица повредени во тешката несреќа во Хрватска, во која загинаа 12 лица, се враќаат во Полска.

„Полската држава не ги остава своите граѓани без помош. Заедно со полската делегација во Варшава се враќаат четворица повредени во трагичната несреќа во Хрватска“, објави Ниџилски на Твитер.

Несреќата на полскиот автобус во кој имало 44 луѓе – 42 патници и двајца возачи, се случила вчера утрото околу 05:25 часот на автопатот Горичан-Загреб, во близина на градот Брезница.

12 лица го загубија животот, а 32 се повредени.

07.08.2022 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега