Црногрскиот ракометар што ги плукна македонските навивачи ќе плати огромна казна

 

По завршувањето на натпреварот со македонската репрезентација, црногорскиот ракометар Марко Лсица направи срамен потег, односно им се доближи на македонските навивачи и ги плукна. Публиката збесна и во видеото објавено на социјалните мрежи, може да се слушнат разни пцовки и навреди упатени до него.

Црногорецот се извини ден подоцна и порача дека се кае за овој срамен гест. Меѓутоа, тоа не значи дека ќе помине без казна. Според последните информации, десното крило ќе мора да плати 5.000 евра за однесувањето по завршувањето на дуелот со Македонија. 

Дел од казната (2.000 евра) ќе ги плати, доколку направи сличен испад во наредните две години, гласи одлуката на Европската ракометна федерација. 

Инаку, македонската ракометна репрезентација беше поразена од Црна Гора со 28:24 во вториот натпревар на Европското првенство во Дебрецен. 

 

 

16.01.2022 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега