Дедото на убиениот полицаец: „Седеа и разговараа, а тој од ведро небо ги застрела, ми ги уби внукот и внуката“
Жртвите на осомничениот убиец Урош Б.(21), кој уби осум лица во село кај Младеновац, биле брат и сестра, а како се случило за „Блиц“ раскажал нивниот дедо.
„Тие седеа таму и разговараа, а тој им пријде и ги застрела од ведро небо. Ми ги убил внукот и внуката“, изјавил за „Блиц“ дедото на убиениот полицаец.
Покрај двајцата, младиот човек убил уште шест лица, ранил уште 14 лица, а потоа побегнал.
Нешто пред полноќ полицијата ја започна акцијата „Вител“, а српските медиуми јавуваат дека полицијата објави дека тој е утрово уапсен кај Крагуевац.
„Ни кажаа дека биле застрелани, кога отидовме таму, тие беа мртви, покриени. Се собраа луѓето, почнаа да плачат“, рекол уништениот дедо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа