Ден на македонската полиција
Во Центарот за обука на МВР во Идризово (на спортското игралиште) денеска ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција - 7-ми Мај.
Како што информираат од МВР, на настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.
На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.
Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа