Драма во Србија: Татко и син се фрлиле во река за да спасат пријател – двајца од нив загинале

 

По поројните дождови кои ја зафатија Србија вонредна состојба е прогласена во Пријепоље, Сјеница и Нови Пазар. Реките се излеаа од своите корита, поплавувајќи ги блиските куќи.

Во обид да ја заштити својата куќа со вреќи со песок, еден човек паднал во реката Трнавица во Нови Пазар. По него се фрлиле татко и син. Спасувачките екипи успеале да го извлечат синот, но не и двајцата мажи кои ги однела надојдената река и по нив се уште се трага.

Поплавени се десетици куќи, стотици луѓе се загрозени, дел од нив евакуирани, меѓу кои мајка со шест деца. Обилните врнежи траат веќе 15 часа на северот од Косово. Тука се излеа и реката Ибар, поплави над 50 куќи, а голем одрон откорнал дрва и бандери. Според пожарникарите вакви дождови не виделе во изминатите 50 години.

20.01.2023 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега