Дуа Липа стана почесна амбасадорка на Косово
Пејачката Дуа Липа стана почесна амбасадорка на Косово. Титулата ѝ ја врачи претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Имено, Османи ѝ се заблагодари во име на граѓаните на Косово на се што прави нивниот глас да се чуе ширум светот. Додаде дека Дуа е заслужна за тоа што не постои ни еден човек кого не го запознала со Косово и дека оваа земја во моментот е средиште на културата затоа што таму се одржува музичкиот фестивал Сани Хил.
На оваа свеченост присуствуваа родителите на пејачката Дукаѓин и Анеса Липа, која е од Босна и Херцеговина.
„Благодариме за придонесот за имиџот на Косово во светот, како и ан тоа што се залагаат за либерализација на визниот режим за нашите граѓани. Благодарам Дуа, добредојде дома“, заклучи Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа