Два случаи на семејно насилство пријавени во Скопје

 

Два случаи на семејно насилство биле пријавени во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, синоќа во 23:20 часот во СВР - Скопје, 24-годишен скопјанец пријавил дека околу 17:50 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на општина Аеродром, неговиот татко И.Т., на возраст од 54 години, со остар предмет упатувал закани кон него и неговиот 26-годишен брат.

- Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакнуваат од МВР.

Претходно, во 14 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Л., 28-годишен скопјанец, по претходна пријава дека околу 12 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка. По целосно документирање на случајот, како што се наведува во соопштението, ќе следува соодветна пријава

06.04.2025 - 14:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега