Две лица кривично ќе се гонат: Еден украл автомобил, другиот го купил

 


Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.И од Албанија поради кражба на возило и против 20-годишниот Р.К поради купување на истото иако знаел дека е украдено.

„На 26.11.2024 на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, првопријавениот одзел паркирано патничко возило „рено клио“, сопственост на Р.Н. од селото Дебреше, по што му го продал на второпријавениот“, се вели во билтенот на МВР.

10.12.2024 - 16:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега