Еден од силувачите на девојчето во Приштина имал и други тешки кривични дела

 

Пред неколку дена беше силувано 11-годишно девојче на Косово од пет монструми и случајот го потресе регионот.

 

Првоосомничениот силувач, 26-годишниот Екрем Реџепи веќе ѝ бил познат на полицијата затоа што е осомничен за слични и други кривични дела.

Против него, како што објави „Коха“, досега се поднесени дури девет обвиненија. Сепак, тоа очигледно не било доволно за да заврши во затвор.

Реџепи бил обвинет за кривични дела „тешка кражба“, „шумска кражба“ и „семејно насилство“, но и покрај тоа не завршил зад решетки.

05.09.2022 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега