ЕУ ја притиска Србија: Воведете санкции против Русија

 

 

Србија мора повеќе да се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучувајќи ги и санкциите против Русија, но тоа не може да биде причина за прекин на преговорите, изјави денеска комесарот за проширување, Оливер Вархеји.

„Во сегашните геополитички околности, Србија мора да ја зголеми својата усогласеност со европската надворешна политика, вклучително и декларации и санкции против Русија“, рече комесарот Вархеји, презентирајќи го извештајот за проширувањето и напредокот на земјите кандидати и потенцијалните кандидати на нивниот пат кон ЕУ.

Комисијата денеска го претстави пакетот за проширување, кој вклучува преглед на напредокот во сите земји кандидати и потенцијални кандидати. Извештајот се објавува еднаш годишно. Овој извештај ги опфаќа шесте земји од Западен Балкан и Турција.

Извештаите за Украина и Молдавија, кои добија кандидатски статус во јуни и Грузија, која стана потенцијален кандидат, овојпат не беа објавени, со оглед на тоа што Комисијата неодамна објави мислење за нивната кандидатура.

Имајќи предвид дека според новата методологија на пристапните преговори, тие можат да бидат прекинати и вратени на почеток доколку нема доволен напредок, комесарот Вархеји, кој прво го презентираше извештајот во Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, а потоа и на прес-конференција, беше поставено прашањето дали може да се прекинат преговорите за Србија затоа што таа одбива да воведе санкции кон Русија, згора на тоа, процентот на почитување во изминатата година значително се намали и Србија уназадува наместо да напредува.

„Тоа е причина за загриженост, но преговорите не можат да бидат прекинати поради тоа. Тоа се правилата“, рече Вархеји.

„Некои изјави и потези на високи српски функционери се директно спротивни на надворешнополитичките позиции на ЕУ, вклучително и потпишувањето на заедничките политички приоритети меѓу Русија и Србија во септември оваа година“ – се вели во извештајот.

Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Црна Гора ја следеа ЕУ и воведоа санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, само Србија и Турција не.

12.10.2022 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега