Филипче: Владејачката коалиција е осудена на пропаст - Ќе видиме како ќе се однесува Таравари

 

Лидерот на СДСМ Венко Филипче и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска ја отворија новата детска градинка „Пролет“ во Центар.

Тој одговарајќи на новинарски прашања, рече дека владејачката партија е осудена на пропаст.

- Во последно време во владејачката коалиција се укажува дека единствена работа што ги води се нивни теснопартиски и финансиски интереси, за жал. Не се темели на вредности и нема идеја и визија за државата да оди напред, осудена е на неуспех. Прашање на време е кога ќе се распадне, ништо суштински не ги врзува партнерите. Ние во СДСМ се спремаме за изборите, вратите ни се отворени, бараме партнери. Заеднички ги креираме листите за сите општини, а во однос на други партнери почнуваат разговори, рече Филипче по отварањето на градинката.

Вели подготвени сме за каков и изборен циклус да дојде во идниот период. Не сакаше да открие име за кандидатите, бидејќи смета дека е нефер.

- Не знаеме како ќе се однесува Таравари понатаму, ќе почекаме и ќе видиме, вели Филипче на прашањето околу ситуацијата во ВЛЕН.

Околу тоа дали би коалицирале со ДУИ, вели ќе разговараат со сите партии, но партнерите треба да се почитуваат и целосно да се согласуваат.

 

08.05.2025 - 11:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега