(ФОТО) Креативна порака на вратата на аптека во Загреб за крадците

 

 

Откако во неколку наврати била ограбена, пред влезот на аптеката во Дубрава (Загреб) се појавил плакат со предупредување за разбојници.

Целта на пораката е да ги одврати разбојниците од нивните планови.

На плакатот стои натпис:

„Почитувани разбојници и крадци, информација за вас: Оваа аптека има нов сеф со 15-минутно доцнење на отворањето, како и тивок аларм, по чие активирање пристигнуваат надлежните служби во 3 минути. Тоа не е тешка пресметка, но ние ќе ви помогнеме, тоа е 12 минути разлика“.

09.08.2022 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега