ФОТО: Страшно невреме во Хрватска - ветрот урна покриви и преврте камиони
Силно невреме денеска ја погоди Чазма во Хрватска и предизвика огромни материјални штети.
Засега нема информации дали има повредени.
„Големи штети, здробени автомобили, превртени камиони, соборени дрвја. Нема струја во целиот град и како што сега стојат работите, два дена ќе нема струја бидејќи е урнат 35-киловатниот далновод“, изјави градоначалникот на Чазма, Динко Пирак, кој беше во обиколка на градот.
Сѐ уште немам информации за повредени лица. Во градот брмчат сирени“, рече Пирак.И полицијата сѐ уште нема информации дали има загинати во невремето. Со нив контактираат главно граѓани, чиј имот е оштетен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа