Грција: По 9.000 денари за сите до 25 години кои ќе примат вакцина

 

Грчката влада ќе им понуди парична награда на сите млади Грци на возраст меѓу 18 и 25 години за првата доза на вакцината против ковид-19, како дел од напорите за зголемување на стапката на вакцинација пред летните одмори.

Грција доста добро го преживеа првиот бран на пандемијата, но беше принудена да воведе втора блокада во ноември со цел да се ослободи јавниот здравствен систем, пренесува „Ројтерс“.

Поради намалувањето на бројот на новозаразени, властите во Атина минатата недела го укинаа задолжителното носење маски на отворено, а на сите граѓани кои ги примија двете дози на вакцината им беше дозволено да одат на работа или во теретана без претходно тестирање.

Досега, околу 33 проценти од вкупната популација од 11 милиони луѓе се целосно вакцинирани, но расте растечката загриженост за можното ширење на заразна, делта варијанта на коронавирусот, поради што Владата размислува за стимулации за вакцинација.

– Заедно со првата доза на вакцината, (младите) ќе добијат картичка со кредит од 150 евра. Тоа им го должиме на младите како гест на благодарност – рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на владината седница

29.06.2021 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега