Хаос во Подгорица: Дојави за бомби во неколку училишта
Дојава дека била поставена бомба стигнала до неколку училишта во Подгорица.
Новиот бран со заканувачки мејлови дека наводно е поставена бомба во бројни училишта во Подгорица утрово ги испразни училишните клупи во неколку основни и средни училишта.
Полицијата, како што јавуваат медиумите во соседството согласно протоколот, започнала акција за проверка со цел отстранување на секакви сомнежи.
Во април годинава се случи првиот бран на пријави за подметнати експлозивни направи преку електронска пошта.
Потоа, како што пишуваат медиумите, беа испратени мејлови на адреси на 178 образовни институции, 12 општини и по една до Службата за заштита и спасување, Центарот за обезбедување и Комуналната полиција.
Минатиот четврток беше пријавено дека бомба има и во Вишиот суд во Подгорица, но по извршениот увид било утврдено дека бомбата не постои.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа