Хрват оди во Украина: Имам пет деца, но одам во војна, знам каков пекол е тоа
Го оставам семејството. Ги оставам децата и одам во Украина како волонтер, вели Драган Мартиќ од Хрватска.
„Сакам да им помогнам на тие луѓе затоа што знам што е агресија. Тие ги бомбардираат нивните куќи, згради, градинки и болници. Се засолнуваат во метрото и сликаат. Сиромашните луѓе страдаат и јас сакам да придонесам колку што можам“, вели тој.
Тој ги доставил своите податоци и чека покана од конзуларното претставништво, каде што ќе добие дополнителни инструкции. Тој не е единствениот. Доаѓаат и други доброволци во зградата на украинската амбасада и се пријавуваат да одат на бојното поле.
Првите хрватски борци веќе се во Украина, а тој набргу ќе им се придружи.
„Украинците се добар и мирен народ, кој го сака својот мир. Видете сами што се случува. Зарем тоа не е агресија? Не е ли тоа пекол? Го видов тоа девојче од четири или пет години како плаче. Затоа сакам да помогнам“, низ солзи ги објаснува своите причини Мартиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа