Хрватска: 10 случаи на мајмунска сипаница - сите заболени се мажи
Досега во Хрватска се пријавени 10 случаи на мајмунски сипаници, а заболени се мажи на возраст од 30 до 50 години, потврди епидемиологот Горанка Петровиќ.
Петровиќ очекува дека првите дози од вакцината против вирусната болест ќе пристигнат во наредните недели.
Засега се знае дека двајца се заразени во странство, а за другите сè уште се собираат информации, пренесе „Хина“.
25.07.2022 - 11:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа