Хрватска води сериозна истрага со НАТО за мистериозното летало, Украина се брани - не е наше

 

Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ одржа вонредна конференција за новинарите, откако синоќа во Загреб падна мистериозно летало, кое е од руско производство, но не е познато кој управувал со него.

„Го затворивме целиот простор, реагираше и полицијата. Во моментов водиме сериозна истрага со НАТО и соседните држави. Разговарав со министрите на Унгарија и Словенија, ги разменивме информациите кои ни се познати“, вели Баножиќ.

Советникот на украинскиот министер за одбрана, Маркијан Лубкјивски вели дека леталото кое паднало во Загреб, не е на Украина.

Исто така, кажа дека очекува службено соопштение од страна на украинското министерство за надворешни работи во соработка со главниот штаб на украинската војска.

11.03.2022 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега