Илинден ги израдува најмалите со ново детско игралиште

 


Општина Илинден пушти во употреба детско игралиште во населеното место Илинден, близу новото подрачно основно училиште. Детското игралиште е поставено на изградена бетонска плоча, врз која се поставени гумени плочки. 

-Во рамки на детското игралиште има реквизити: комбинирана лизгалка, двојна лулашка, единечна клацкалка и други разни детски фигури. Игралиштето е оградено со ограда во вид на моливи. Исто така, поставени се и павер елементи и осветлување, како и клупи и корпи за отпадоци, соопшти Општина Илинден.

Увид на детското игралиште изврши градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, кој истакна дека игралиштето е од особена важност за релаксација и рекреација на најмалите жители.

Според најавите од Општината,  во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места.

24.04.2025 - 10:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега