Илон Маск откри нови детали: Твитер наскоро ќе има опција за шифрирани пораки и повици
Извршниот директор на Твитер, Илон Маск, откри нови детали за идните карактеристики на оваа социјална платформа, вклучувајќи додавање опција за повици и шифрирани пораки.
„Наскоро гласовниот и видео четот ќе биде достапен за сите на оваа платформа, така што ќе можете да разговарате со луѓе било каде во светот, без да им го дадете вашиот телефонски број“, наведе Маск, пренесува „Reuters“.
Карактеристиката за повици на Твитер ќе ја усогласи платформата за микроблогирање со апликациите за социјални медиуми на Мета (META.O), Фејсбук и Инстаграм, кои имаат слични облици.
Милијардерот изјави дека верзијата со шифрирани директни пораки ќе биде достапна на Твитер од среда, но не кажа дали повиците ќе бидат шифрирани.
Твитер оваа недела објави дека започнува процес на „чистење“, односно отстранување и архивирање на профили кои се неактивни неколку години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа