Имал уште 34 куршуми, што го попречило момчето убиец од Белград да ги убие сите, анализираат српските медиуми

 

 

Коста Кечмановиќ (13) во 8 часот и 41 минута во средата наутро извшри маскар во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.

Тој имал уште два полни шаржери со по 17 куршуми, калибар 9 милиметри. Во рака му лежел пиштолот „збромовка“, пишуваат српските медиуми.

Иако веќе убил девет лица – осум ученици и еден чувар на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, тој сè уште не го реализирал својот план да ги убие – сите, пренесуваат во своите написи.

Иако имаше уште муниција одеднаш престанаву да пука. Го напушта кабинетот по историја каде ладнокрвно одзема пет животи, како да му припаѓаат, и излегува во училишниот двор. Таму го празни пиштолот и се јавува на полицијата во 8:42 часот, пишуваат медиумите.

Анализираат зошто Коста Кечмановиќ наеднаш застанал? Која сила, како што пишуваат, го спречила да го продолжи крвавиот масакр откако испукаал 57 куршуми додека во училиштето „Владислав Рибникар“.

Осум деца и еден чувар беа убиени во средата наутро во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Шест ученици и една наставничка беа повредени, а напаѓачот уапсен.

05.05.2023 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега