Исповед на камионџијата Владимир од Србија: Мојот живот вредеше 200 евра, немавме храна и вода
Владимир Белиќ преживеа агонија долга 12 дена на украинско-полската граница, каде што со четворица колеги камионџии бил заробен.
Во кабината на камионот, без храна, вода, нафта, со денови седел и се плашел за својот живот, додека десетина возачи од Белорусија и Русија границите ги преминале пешки додека камионите им биле одземани.
Србите, сепак, на крајот успеале да си ги спасат возилата, а откриваат низ што морале да минат за да се случи тоа.
„Беше страшно, секој момент беше опасен. Комунициравме со цариниците на демократски начин. Моравме да им дадеме мито од 200 евра на цариниците за да нè пуштат да заминеме, толку вредеше нашиот живот. Секој камион има фрижидер и минимални количини на храна. Додека имавме пари, купувавме храна која беше многу скапа. Потоа еден колега ни носеше вода и по некое парче леб, затоа што останавме со празни раце“, открива Владимир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа