Камбовски за новиот Закон за Судски совет: Со дел од решенијата се сложувавме, со дел не, ќе видиме кој ќе биде предлогот
Членови од Судскиот совет учествуваа како дел од работната група за новиот Предлог Закон за Судски совет. Нормално со дел од тие решенија се сложувавме, со дел не се сложувавме. Дадовме предлози наши, предлогот на закон кој ќе биде ќе видиме, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.
Како дел од работите коишто се помрднуваат, Камбовски ги посочи јавноста на постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет да биде јавна и дефинирање на поимот „истакнат правник“.
-Мислам дека се направи обид еден да се дефинира она што стално е актуелно во јавноста, што е истакнат правник. Мислам дека сега со овој закон до некаде колку е тоа можно ќе се успее да се каже што е тоа истакнат правник, односно да се дадат некакви критеируми, изјави Камбовски.
Во поглед на поимот „истакнат правник“, Камбовски рече дека смета дека ќе има некои појасни критериуми кои што личноста која што претендира да го има тој статус треба да ги поседува.
-Тоа е повразно со годините на стаж кој што ги има, репутацијата кои што ги има во неговата област каде што работи, препораките коишто ќе ги добие од неговите колеги и слично..., изјави Камбовски.
Прашан до каде е процедурата за избор на претседател на Врховен суд, Камбовски рече, дека изборот на претседател на Врховен ќе биде на првата наредна седница што ќе ја имаме, а тоа би требало за една недела.
Министерството за правда, претходно денеска информира дека Предлог Законот за Судскиот совет во кој се инкорпорирани препораките од Оценската мисија на ЕК е завршен и објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), информира Министерството за правда.
Согласно Реформската агенда која официјално беше одобрена од Европската комисија, земјава до јуни 2025 година треба да има нов закон за Судски совет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа