Карлеуша ќе се кандидира за претседател на Србија

 


Српската поп дива Јелена Карлеуша предизвика големо изненадување со неочекуваната објава на социјалните мрежи дека планира да се кандидира за претседател на Србија. Во својот профил на Инстаграм, Карлеуша изјави дека по завршувањето на мандатот на актуелниот претседател Александар Вучиќ, таа ќе се вклучи во претседателската трка. Пејачката со голема доза на самодоверба додаде дека е сигурна во својата победа.

„По завршувањето на мандатот на претседателот Александар Вучиќ (иако мислам дека тој ја заслужува доживотна функцијата претседател), планирам да се кандидирам за функцијата претседател на Србија“, напиша пејачката.

 

„И ќе победам“, додаде пејачката.

15.12.2024 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега