Колку чинат сметките: Едно семејство во Солун месецот го поминува со 600 евра
„Пред околу 15 години, кога почнав да живеам во Грција, забележително беше дека Грците живееја раскошно без некакви грижи околу парите. Но тогаш полека кризата почна да си ги прави своето и значително го промени нивното секојдневие, планови, трошоци, начин на живот“, ја започнува Србинката Ана својата приказна на социјалните мрежи објаснувајќи колку чини да се живее еден месец во Солун, Грција.
„Многу солунчани плаќаат кирија и тоа е број еден месечен трошок во секое такво домаќинство. А кога станува збор за куќа која има две спални, дневна кујна и тоалет и во која живеат две лица, би чинела од 400 до 700 евра месечно, во зависност од локацијата.
За самец може да се најде и некоја гарсоњера од 300 евра. Заедничките трошоци за влезот се движат од 15 до 20 евра“ – објаснува Ана.
„Енергетската криза и поскапувањата кои ги донесе и во Грција влијаат на семејниот буџет. Секако, на месечната сметка за струја влијаат апаратите кои едно домаќинство ги поседува и големината на домот во кој живеат но просечно сметките за струја се движат од 85 до 100 евра месечно а ако се користи струјата за греење, тогаш сметката достигнува и до 200 евра во зимските месеци.
За греење на гас, едно семејство троши 400 евра по грејна сезона или 80 евра распоредени во 5 месеци.“ – објаснува Ана
Во македонски услови тоа би значело како секој месец за греење да се плаќаат по околу 2000 денари.
„Сметката за вода е 20 евра месечно а потребите за гориво за користење на автомобил во просек се околу 200 евра месечно во зависност од тоа колку километри ќе помине семејството“ – објаснува таа.
Додава дека трошоците во супермаркет за еден пар чини околу 300 евра месечно па нејзината пресметка е дека едно мало семејство во Солун месецот го поминува со 1000 евра. Ако имате свој дом, тогаш сите трошоци во месецот ви бидат околу 600 евра, се разбира не сметајќи го тука социјалниот живот, вечерните дружења и излегувања и трошоците за потребите на децата поврзани со нивната социјализација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа