Косовски министер: Ако КФОР не ги отстрани барикадите, тоа ќе го направи полицијата

 

Министерот за внатрешни работи на Косово Џелај Свечља изјави дека Приштина чека реакција на КФОР и отстранување на барикадите на северот на Косово и нагласи дека во спротивно полицијата ќе ги отстрани.

- Заради поголема стабилност чекаме да го направат тоа Србите кои ги поставија барикадите или КФОР, но чекањето заврши - рече Свечља на прес-конференција во Косовска Митровица.

Министерот додаде дека полицијата ги има сите потребни капацитети да ги отстрани барикадите на северот на Косово.

Свечља рече дека поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ, кој беше уапсен пред неколку дена во Јариње, се уште е во полициската станица во близина на тој административен премин. Според Свечља, состојбата на Пантиќ моментално е добра и уапсениот Србин добива соодветна терапија.

Свечља додаде дека трансферот на Пантиќ во соодветен центар за притвор е приоритет на приштинските власти и за тоа, како што рече, побарале помош од меѓународните партнери.

- За нас е неприфатливо барањето за ослободување на Пантиќ - изјави Свечља.

22.12.2022 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега