Кражба од 1.159.050 денари: Уапсен 32-годишник од струмичко
Завчера во 13.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.С.(32) од село Баница, струмичко, поради сомнение дека на крајот на месец ноември и на почетокот на декември извршил четири тешки кражби на дрзок начин во куќи на подрачје на Радовиш, при што одзел пари, накит и други предмети во вкупна вредност од 1.159.050 денари.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а на 10.12.2024 во службен разговор во просториите на ОВР Радовиш, ги признал делата.
Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случаите, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа