Курти: Во секое време сум подготвен на средба со Вучиќ
Косовскиот премиер Албин Курти кажа дека е подготвен за средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Курти пред новинарите кажа дека е подготвен во секое време да има средба со Вучиќ.
„Подготвени сме да одржиме средба во секое време. Но, во меѓувреме мора да дојдеме на полињата кои се обработуваат, во градинките кои се градат... Животот продолжува понатаму“, вели Курти.
13.10.2022 - 18:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа