Марковска Илиевска: Скоро секоја втора седница на Совет има некаква одлука за Сарај, не верувам дека толку придонесува со даноци и комуналии

 

„Пред започнување на седницата на Совет разговарав со одговорната од секторот за финансии. Ме интересираше конкретно бидејќи вака кога ќе го погледнеме и образложението и табелата се доста општи и навистина немав претстава за комуналиите кои градот Скопје ги добива од општините во која ставка спаѓаат, па ми објасни дека е во 7-1-7 даноци на специфични услуги“, истакна советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Анета Марковска Илиевска на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Марковска Илиевска побара од надлежните да достават по општини која општина колку придонесува во градот Скопје со комуналии.

„Ме испровоцира тоа што ако ги погледнете службените гласници во овој мандат изминат ќе видиме дека скоро секоја втора седница на Совет има некаква одлука за Општина Сарај, а не верувам дека толку придонесува со даноци и со комуналии колку останатите поголеми општини во градот Скопје. Сакам и барам да ни достават по општини кои општини со колку комуналии и колку даноци придонесува во градот Скопје“, децидна е Марковска Илиевска.

27.02.2025 - 12:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега