Медицинска опрема донирана во Гинеколошката болница во Чаир
Во Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир денеска била донирана медицинска опрема. Од Општина Чаир велат дека станува збор за нешто вредно што ќе ги подобри условите за пациентките.
- Донацијата вклучува 10 лабораториски столици за вадење крв, што ќе придонесат за олеснување и зголемување на ефикасноста на секојдневните медицински процедури, се наведува во денешното соопштение на локалната самоуправа.
На примопредавањето на донацијата, присутни биле градоначалникот Висар Ганиу, директорката на болницата Пранвера Изаири, директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди, како и пратеничката Мерита Коџаџику.
Градоначалникот изразил благодарност до компанијата „Мармарис“ и нејзиниот претставник Јусуф Алиу.
- Оваа донација претставува јасен пример за интеринституционална соработка и улогата што приватниот сектор може да ја има во јакнење на јавните услуги во корист на граѓаните, се истакнува во соопштението на Општина Чаир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа