Меган Фокс раскина со партнерот

 

Раскинаа Меган Фокс (38) и Машин Ган Кели (34), пишува TMZ. Се вели дека парот раскинал за време на викендот на Денот на благодарноста додека биле на патување. Фокс наводно видела нешто на телефонот на музичарот што ја вознемирило, па се вратила дома. Кели се вратил набргу по неа и оттогаш не стапиле во контакт.

Нивното раскинување дојде неколку недели по веста дека го чекаат своето прво дете. Веста за бебето актерката ја објави на Инстаграм.

„Никогаш ништо не е навистина изгубено. Добре дојде назад“, напиша таа на објавата со емотикони со ангел и срце. Нејзината објава за бременост доаѓа една година откако таа откри дека доживеала спонтан абортус. Меган е веќе мајка на три деца - со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин ги има синовите Ноа (10), Боди (9) и Џорни (6).

10.12.2024 - 22:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега