Мицкоски со честитка до српската заедница: Само сплотени ќе добиеме економски напредок

 

Премиерот Христијан Мицкоски лично и од името на Владата на сите припадници од српската заедница кои живеат во државата денеска им го честита празникот Свети Сава, посакувајќи многу здравје, среќа, бериќет и духовен мир.

Во честитката се посочува дека празникот Свети Сава се празнува 18 години во Македонија, откако со измените на законот за празници на 8 февруари 2007 година е прогласен за национален празник на Србите во Македонија. 

- И ова го покажува меѓусебното почитување и доверба, како и добрата соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ. Вашиот придонес во општествениот и јавен живот покажува дека заедно, обединети, во заедништво и преку почитување на различностите, културите и традициите можеме да ја трансформираме Македонија напред, а за граѓаните обезбедиме подобра и посигурна иднина, вели во честитката Мицкоски.

Македонија, се подвлекува, мора да се гради и да има економски напредок, а тоа го можеме само доколку сме сплотени. 

- Затоа цврсто сум убеден дека градењето на соживот, толеранција и пријателство ќе биде еден од вредностите кои ќе бидат нашата водилка за остварување на нашите цели. Почитувани пријатели од српскатa заедница, Ви посакувам убав празничен ден исполнет со радост, се наведува во честитката од премиерот Мицкоски. 

27.01.2025 - 09:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега