Мицкоски со добри вести за оризопроизводителите: 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа, и субвенции од 18.000 денари од хектар
Решен откупот на ориз!, информираше премиерот Христијан Мицкоски.
По интензивните средби кои ги имавме заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски периодов се пронајде решение за откупот на оризопроизводителите, истакна Мицкоски.
„Се донесе одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година.
Ова е конкретна и многу добредојдена поддршка за земјоделците. На овој начин ги решаваме проблемите и се бориме за подобар стандард на сите!“, нагласи премиерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа