Морничави детали: Детето го мачела цела ноќ, па го полеала со киселина пред да го фрли низ прозорец
Утрово околу 8.30 часот една мајка во населено место во близина на Белград си го фрли детето од третиот кат на зградата, по што скокна и самата од терасата.
Наскоро следела реанимација, по што детето било префрлено во болница без тешки повреди, додека мајката заработила неколку скршеници.
Соседите за српските медуми откриваат дека мајката го мачела детето цела ноќ, а исто така го полеала со киселина. Целата драма почнала околу 21 часот, кога слушнале викотници по станот, додека малото дете плачело.
Жената која се реши на ваков страшен потег имала и ќерка, а на местото на инцидентот се појавил и сопругот, кој кажал дека жена му е здрава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа