Мртов маж пронајден во автомобил во Скопје

 

Уште еден хорор го потресе Скопје кога на 30 март околу 16 часот и 24 минути бил пронајден мртов маж во автомобил.

МВР информира дека во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Радишани, во патничко возило „мерцедес“, сопственост на правно лице, бил пронајден починат 71-годишниот С.М. од Скопје.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

01.04.2025 - 08:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега