Музичарите од регионот се простуваат од Масимо Савиќ

 

 

Колеги музичари и  познати личности се збогуваат со Масимо Савиќ.

- Шокирани сме и бескрајно тажни од веста дека не напуштивте. Драг Масимо, нашата песна „Икона“, која ја обожаваше, отсега ќе биде секогаш посветена на тебе.. Патувај со Ангелите, во вечноста, која ја заслужи со своето уметничко битие. Вашите Неверне бебе -

Тони Цетински со емотивна порака се прости од пејачот.

„Сите заминуваме, времето на сите ни се троши исто, денот на сите е Божји ден, некои ќе се бакнуваат, а некои ќе останат сами“

Токму на овој ден мораше да заминеш, драг Макс. 23 декември Искрено сочувство до семејството

Од Масимо се прости и Никола Врањковиќ од бендот „Блок аут“.

-Последен поздрав до големиот пејач и гитарист, драгиот пријател Масимо Савиќ. Првата турнеја како тон мајстор ја направив со него и неговиот бенд и уште многу концерти после тоа што ќе ги паметам додека сум жив...

„Најубавиот и најдобар, на сите времиња. Затоа што никој не живее и дише уметност како Масимо. Никогаш нема. Не требаше да биде вака. Чао. Сè додека некаде горе, зад облаците, ги гледаме твоите познати раце како прават некои невидливи патеки, додека ти пееш.

Џибони: Запалив свеќа за нашиот добар Масимо. Прерано, прерано несфатливо....да му ја упокои Господ душата.

Бејби Дол, со која Масимо се забавуваше во текот на осумдесетите, испрати сочувство до семејството и порача дека Масимо ќе биде запаметен само по добро.

Масимо починал вчеравечер во болницата Винодолски во Загреб од рак на белите дробови , а веста попладнево ја објави неговото семејство. Имаше 60 години.

23.12.2022 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега