МВР: Во тек е акција против припадници на затворската полиција и лица со полициски овластувања
По Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се огласи и полицијата. И оттаму ја потврдуваат акцијата против припадници на затворската полиција и лица со полициски овластувања, но засега нема детали.
-Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР во координација со јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот, се вели во соопштението од МВР.
Како што претходно објавивме, поранешен директор на затворот во Шутка е уапсен заедно со уште едно лице вработено во затворот.
Истрагата можно е да се прошири и на повеќе лица од затворскиот систем во земјава. Според засега непотврдени информации, тие се сомничат за серија кривични дела меѓу кои злоупотреба на службена положба, овозможување бегство и противзаконско ослободување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа