Намерно ги запалил куќата и станот - Поднесено обвинение против зетот на Зоки Фаци, се бара и продолжување на притворот

 


Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши претходната постапка и ги прибра доказите врз основа на кои поднесе обвинение против едно лице за две кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот беше идентификуван како одговорен за намерно предизвикување пожар во викенд-куќа во Катланово и во стан во Скопје, кои биле во сопственост на неговата сопруга со која биле во бракоразводна постапка.

Најпрво, на 1 мај телефонски и се заканувал на оштетената и на нивниот заеднички син дека ќе им ги запали станот и куќата, а еден ден подоцна ја реализирал заканата, предизвикувајќи пожар со бензин пред влезните врати на двата објекти. Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата и на станот кој се наоѓал во зграда, па била предизвикана значителна опасност за животот на луѓето.

Со обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

07.05.2025 - 12:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега