Неврохирург е предлогот на ГЕРБ за премиер на Бугарија
Партијата на Борисов, ГЕРБ го претстави за свој кандидат за премиер, Николај Габровски, кој денеска го прими првиот истражувачки мандат од претседателот Румен Радев.
Габровски е началник на клиниката за неврохирургија во најголемата болница за итни интервенции „пирогов” во Бугарија.
Радев на Габровски му соопшти дека очекува во рок од седум дена да предложи состав за нова бугарска влада што ќе ги исполни високите очекувања на јавноста за стабилност, стручност и одговорност.
Габровски од своја страна кажа дека за него е должност и прашање на чест да вложи максимални напори Бугарија да има функционална влада.
За жал, Бугарија во моментов е на раскрсница на многу кризи – економски, социјални, имаме сериозен мигрантски притисок, кажа Габровски.
Даниел Лаурер од „промените продолжуваат” коментираше дека неговата партија нема да поддржи влада на ГЕРБ, а лидерката на бугарските социјалисти нинова дека нема да поддржат влада со првиот мандат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа