Николов ја нападна Русија: Природниот гас го користат како оружје

 

Бугарскиот министер за енергетика, Александар Николов кажа дека „Газпром“ го запрел гасот за Полска и Бугарија, но неговата држава нема да го затвори вентилот кон соседните земји.

Компанијата предупреди дека ќе го затвори протокот на гас доколку не се плаќа во руски рубљи, а бугарските власти уште во март објавија намера дека нема да плаќаат во руската валута.

„Природниот гас во моментов се користи како политичко и економско оружје во оваа војна“, кажа Николов.

Исто така, Николов порача дека Бугарија го следи ставот на Европската Унија, а тоа е да не се одговори на руските барања.

27.04.2022 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега